Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со трајно замрзнување на финансирањето на Светската здравствена организација доколку таа не покаже „значителни подобрувања“ во рок од 30 дена.
Во писмото до генералниот директор на СЗО, Трамп ги критикува, како што вели, „повторувањето на погрешни чекори“ во борбата со пандемијата и ја повикува СЗО да покаже независност од Кина.
„Ако СЗО не се заложи за суштински подобрувања во наредните 30 дена, ќе го замрзнам финансирањето и ќе го преиспитам нашето членство. Мојата администрација веќе започна дискусии со вас за тоа како може да се реформира организацијата. Но, потребна е брза акција. Немаме време за трошење“,
се вели во писмото.
This is the letter sent to Dr. Tedros of the World Health Organization. It is self-explanatory! pic.twitter.com/pF2kzPUpDv
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 19, 2020
Портпаролката на Светската здравствена организација Фадела Шаиб изјави дека СЗО нема коментар за писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, но очекува дека ќе има реакција откако работите ќе станат „појасни“.
„Го видов писмото и, засега, немам никаква изјава за тоа. Во моментов сме многу зафатени со обидот да ја финализираме нашата агенда за состанокот на Светското здравствено собрание. Секако, сигурна сум дека подоцна сè ќе биде појасно и ние ќе реагираме на тоа“,
рече Шаиб на состанок на ОН во Женева.