Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, што е ретка посета на лидер на земја членка на ЕУ на Москва. Фицо рече дека неговото патување во Москва и средбата со Путин биле одговор на противењето на Зеленски за транзит на руски гас преку Украина до Словачка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот премиер Роберт Фицо дека сака да му помогне на претседателот на Русија, Владимир Путин, да заработи пари за финансирање на војната.
Еден ден по средбата меѓу Фицо и Путин во Москва, Зеленски рече дека лидерите на ЕУ забележале дека словачкиот премиер е против намалувањето на енергетската зависност од Русија, што, според него, значи дека сака да му помогне на Путин да заработи пари за да ја финансира војната и да ја ослабе Европа.
„Ние се бориме за животи, Фицо се бори за пари, но веројатно не за Словачка. Договорите во сенка со Путин значат или тргување со државните интереси или работење за лична корист. Му дадовме предлог – за евентуална компензација за Словаците, нагласувам Словаците, за загубите од рускиот транзит, а исто така и за алтернативи за транзит – за кој било гас освен рускиот, на барање на Европската комисија. Бевме подготвени да го оствариме тоа. Фицо одбил отштета за Словаците. И тој не сака да соработува со Европската комисија. Поради некоја причина, попогодно му е да биде во Москва. Сите во Европа разбираат зошто. Нема кој не го разбира ова“,
напиша Зеленски во објава на Икс.
There have been many questions from journalists today about Fico’s trip to Moscow. In fact, after our conversation in Brussels in the presence of all European leaders, nothing surprises anymore.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 23, 2024
We are fighting for our lives, Fico is fighting for money, and it’s unlikely that…
Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, што е ретка посета на лидер на земја членка на ЕУ на Москва. Фицо рече дека неговото патување во Москва и средбата со Путин биле одговор на противењето на Зеленски за транзит на руски гас преку Украина до Словачка. Според него, Путин ја потврдил подготвеноста на Русија да продолжи да испорачува гас за Словачка.
Украина најави дека нема да го обнови договорот за транзит на гас преку цевководи во Украина, кој истекува на 31 декември. Протокот на гас низ украинскиот гасовод сочинува околу половина од целиот руски извоз во Европа, а Словачка, Италија, Австрија и Чешка се очекува да бидат најпогодени ако се прекине снабдувањето преку Украина.
Европската комисија објави дека е подготвена да овозможи пристап до алтернативни испораки на гас до сите земји кои добиваат руски гас по истек на тековните договори.