Главна тема на разговорите е испораката на руски гас за Словачка. Според Фицо, Путин ја потврдил подготвеноста на Русија да продолжи да испорачува гас за Словачка, а неговата посета е реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина се спротивставува на транспортот на руски гас преку гасоводите на украинската територија
Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, што претставува ретка посета на лидер на земја членка на Европската Унија на Москва. Посетата е поради тоа што се ближи крајот на договорот со кој се дозволува транзит на руски гас преку Украина, нешто што директно ја засега Словачка.
Според Фицо, Путин ја потврдил подготвеноста на Русија да продолжи да испорачува гас за Словачка, а неговата посета е реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина се спротивставува на транспортот на руски гас преку гасоводите на украинската територија.
„Високи претставници на ЕУ беа информирани за целат на моето патување во Москва. Состанокот со рускиот претседател беше реакција на изјавата на украинскиот претседател, кој рече дека е против секој транзит на гас преку Украина до територијата на Словачка“,
вели Фицо во објава на Фејсбук.
Посочи и дека Путин разговарале за воената ситуација во Украина, за можноста за брз мирен крај на војната, но и за меѓусебните односи меѓу Словачка и Руската Федерација.
Путин ја потврди и подготвеноста да продолжи да ја снабдува со гас Словачка, со оглед на ставот на Зеленски дека по 1 јануари 2025 година тоа ќе биде речиси невозможно.
Според „Политико“, од руската инвазија на Украина, само двајца шефови на влади на земјите членки на Европската Унија го посетија Путин, како австринскиот канцелар Карл Нехамер и унгарскиот премиер Виктор Орбан.