Полицијата сè уште работи на идентификување на жртвата и мотивот за нападот

Жена што спиела во метро-станица во Бруклин починала откако вчера била запалена, соопшти њујоршката полиција.
Според полицијата, околу 7:30 часот, осомничениот ѝ пришол на жртвата и намерно ја запалил пред да побегне од местото на настанот.
Полицијата вели дека осомничениот користел запалка за да ја запали облеката на жртвата, која целосно била зафатена од огнот за неколку секунди.
Полициската комесарка Џесика Тиш вели дека жртвата починала на самото место додавајќи дека осомничениот бил уапсен по дојава од група средношколци додека се возел со метро. Според полицијата, ниту еден друг патник не е повреден во инцидентот.
Полицијата сè уште работи на идентификување на жртвата и мотивот за нападот.
NYPD has arrested Sebastian Zapeta, a Guatemalan migrant, accused of setting a sleeping woman on fire on a New York subway and watching her burn to death. pic.twitter.com/Hv70Jl51W7
— Tiffany Fong (@TiffanyFong_) December 23, 2024
На видеото што се шири на социјалните мрежи, а е преземено од безбедносните камери на метрото се гледа како осомничениот го запалил ќебето што го носела жртвата, а пожарот се проширил и жената била зафатена од пламен. За тоа време, осомничениот мирно седел на станицата.
Осомничениот е имигрант од Гватемала, кој влегол во САД во 2018 година, додаде полицијата.
