Откако видеото во кое мажот се заканува се раширило на социјалната мрежа, тој бил приведен, а од полицијата соопштиле оти нема никаква опасност за населението
Германската полиција уапсила маж што на Тик-ток се заканувал дека ќе изврши злосторства за време на божиќниот базар во пристанишниот град Бремерхавен.
Според пишувањата на германскиот медиум „Билд“, мажот со нож се заканувал дека ќе го избоде секој што изгледа арапски велејќи дека тоа не е шега.
Откако видеото се раширило на социјалната мрежа, мажот бил приведен, а од полицијата соопштиле оти нема никаква опасност за населението.
Оваа вест доаѓа откако 50-годишен маж во петокот влета со автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет лица, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а рани 200 други.
Осомничениот, кого германските медиуми го идентификуваа како Талеб ал Абдулмохсен, се наоѓа во притвор, а властите соопштија дека против него се поднесени обвиненија за убиство, повеќе обиди за убиство и нанесување тешки телесни повреди.
Претходно медиумите објавија дека осомничениот бил лекар психијатар со потекло од Саудиска Арабија, кој во Германија дошол во 2006 година.
Мотивите за нападот и понатаму остануваат нејасни.
Од она што е објавено, Абдулмохсан биле антиисламски активист, кој изминатиот период упатувал закани на интернет, а имал и историја на спорови со државните власти.