Епицентарот на земјотресот бил на околу 37 километри јужно од градот Гуиса и на 53 километри југоисточно од градот Бајамо на длабочина од 22 километри
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Карипското Море, јужно од кубанската провинција Сантијаго де Куба, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил еден час по полноќ по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 37 километри јужно од градот Гуиса и на 53 километри југоисточно од градот Бајамо на длабочина од 22 километри.
⚠Preliminary info: #earthquake (#sismo) about 30 km SW of #Contramaestre (#Cuba) 2 min ago (local time 01:00:59)❗MAGNITUDE NOT AVAILABLE YET❗Updates at:
— EMSC (@LastQuake) December 23, 2024
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t pic.twitter.com/n7hcqM0xRS
Земјотресот бил почувствуван во делови од провинциите Сантијаго де Куба и Гранма во источна Куба, а слаб потрес имало и во други места во источна Куба
Засега нема информации за можни материјални штети и жртви.
Според пишувањата на светските агенции, можно е да има привремено затворање на транспортната инфраструктура во зоната на потресот за да се провери дали има штета.
По земјотресот, нема издадено предупредување за цунами.