Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје – 16, Куманово – 10, Прилеп – 6, Тетово – 15, Велес – 1, Крива Паланка – 1 и Валандово – 1.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје (78 г.) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 г.) на болничко лекување од 14 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 8, Штип – 2, Прилеп – 2, Тетово – 3, Струга – 1, Велес – 4, Свети Николе – 1 и Гостивар – 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 839, бројката на оздравени пациенти е 1 351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 636, активни 143
• Куманово – 416, активни 21
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 38, активни 4
• Прилеп –202, активни 59
• Тетово – 150, активни 66
• Струга – 71, активни 5
• Велес – 125, активни 53
• Битола – 27, активни 8
• Охрид – 21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 20, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 1
• Свети Николе – 1, активни 1
Направените 533 теста се преку: ИЈЗ – 256, Ветеринарен факултет – 7, Авицена – 12, Биотек – 36, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR-метода -53 и МАНУ – 108. Досега во земјата се направени вкупно 22 255 тестирања на ковид – 19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.