Бројот на повредени и жртви засега не е официјално објавен, иако некои германски медиуми споменуваат десетици повредени. На самиот базар, кој по инцидентот беше затворен, им се укажува помош на повредените
Најмалку едно лице загина, а повеќе други се повредени откако автомобил влетал во толпа луѓе на божиќниот базар во источниот германски град Магдебург.

Бројот на повредени и жртви засега не е официјално објавен, иако некои германски медиуми споменуваат десетици повредени. На самиот базар, кој по инцидентот беше затворен, им се укажува помош на повредените.
На местото има огромно полициско присуство и служби за итни случаи. Возачот на автомобилот е уапсен.
Германските власти инцидентот го третираат како напад.
Канцеларот Олаф Шолц во својата првична реакција рече дека инцидентот ги предизвикува најлошите стравови и дека ги наведува да се плашат од најлошото.
„Моите мисли се со жртвите и нивните најблиски. Тука сме за нив и за сите жители на Магдебург. Мојата благодарност до сите служби за итни случаи во овие тешки моменти“,
рече Шолц.
Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, кој во моментов е на пат кон главниот град на државата Магдебург, го опиша инцидентот за ужасен настан, особено во деновите пред Божиќ
Магдебург е главен град на покраината Саксонија-Анхалт и има околу 240 000 жители.