Рускиот претседател рече дека ситуацијата со „специјалната воена операција“ драстично се менува и дека руските војници секојдневно заземаат големи територии
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја одржува традиционална годишна прес-конференција и одговара на телефонски прашања на Русите кои, според државните медиуми, веќе го преплавиле претседателот со два милиони прашања. Едно од прашањата беше поврзано за војната на Русија во Украина или, како што Кремљ ја нарекува, специјална воена операција. Путин беше прашан дали победата е близу.
Тој рече дека ситуацијата драстично се менува и дека руските војници секојдневно заземаат територии.
„Војната е комплицирана“,
рече тој и додаде:
„Сè поблиску сме до постигнување на нашите основни цели од специјалните операции.“
Одговарајќи на дополнителни прашања од гледачите, Путин рече дека не може да одреди датум кога Русија ќе ја врати контролата врз регионот Курск по украинската офанзива претходно оваа година, но рече дека регионот несомнено ќе биде ослободен, а неговите жители повторно ќе може да се вратат.
„Нема воена смисла Украина да влезе во регионот Курск или да останат таму како што прават сега“,
посочи тој, додавајќи дека сигурно ќе се ослободат од украинските сили.
Рускиот претседател одговараше и на прашање за изменетата нуклеарна доктрина со која минатиот месец ги одобри промените со кои се поставуваат нови услови под кои земјата ќе размисли за користење на својот арсенал.
Според доктрината, нападот од ненуклеарна држава, доколку е поддржан од нуклеарна сила, ќе се третира како заеднички напад врз Русија. Прашан дали пораката е примена од Западот, Путин рече:
„Не знам, треба да ги прашате нив.“
Рече дека ако земјите создадат закана кон Русија, Русија верува дека има право да употреби нуклеарно оружје против нив.