„Благодарни сме ѝ на Франција што обучи една бригада за нашата армија и се согласи да обучи друга. Се надеваме дека и другите партнери ќе се приклучат кон опремување на нашите бригади“, рече украинскиот претседател
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера во Брисел се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, со кого разговараше за распоредување на војници во Украина како начин за постигнување стабилен мир.
„Ние споделуваме заедничка визија. Сигурните гаранции се клучни за достижниот мир“,
напиша Зеленски на платформата Икс.
🇺🇦🇫🇷 Zelensky had a meeting with French President Emmanuel Macron.
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 18, 2024
“We discussed key priorities for strengthening Ukraine’s defense against Russian aggression, focusing on boosting air defense capabilities. Grateful to France for training one brigade for our army and agreeing… pic.twitter.com/Flz8oEikWU
Според украинскиот претседател, на средбата со Макрон разговарале и за распоредување на воени сили во Украина, што би можеле да придонесат за мир.
„Разговаравме за клучните приоритети за зајакнување на одбраната на Украина од руската агресија, фокусирајќи се на зајакнувањето на капацитетите за противвоздушна одбрана. Благодарни сме ѝ на Франција што обучи една бригада за нашата армија и се согласи да обучи друга. Се надеваме дека и другите партнери ќе се приклучат кон опремување на нашите бригади“,
вели Зелеенски.
На состанокот во Брисел, организиран од генералниот секретар Марк Руте, учествуваа германскиот канцелар Олаф Шолц и шефовите на држави и влади на Полска, Италија, Данска и Холандија.
Таму беа и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта.
Зеленски денеска треба да присуствува како гостин на Самитот на ЕУ.