Возилото „фолксваген голф“ со штипски регистарски таблички било во сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој го користел автомобилот
Опожарено е возилото на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски. Случајот е пријавен во полиција неколку минути по полноќ, а возилото е опожарено на улицата „Ванчо Китанов“ на паркингот пред станбената зграда во која живее поранешниот началник.
Возилото „фолксваген голф“ со штипски регистарски таблички било во сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој го користел автомобилот.
Инаку, во Штип ова е второ запалено возило во изминатите три дена.
Во октомври беше запален и автомобилот на новинарот и уредник на штипската телевизија М-Нет, Благој Серсемов, кој бил паркиран во дворот на неговата семејна куќа.