Приклучувањето кон шенген-зоната нa Бугарија и Романија датира од 2011 година кога Европската комисија првпат ја утврди нивната подготвеност за пристапување
Од 1 јануари 2025 година Бугарија и Романија стануваат полноправни членки на шенген-зоната.
Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) ја усвоија одлуката за укинување на контролата на внатрешната копнена граница со и меѓу Бугарија и Романија од првиот ден на следната година.
„Голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа“,
објави унгарското претседателство со ЕУ.
‼ DEAL! Interior ministers have just adopted a decision to lift internal land border controls with and between Bulgaria and Romania from 1 January 2025. A great victory for Bulgaria, Romania, and all of Europe!#HU24EU
— Hungarian Presidency of the Council of the EU 2024 (@HU24EU) December 12, 2024
🇭🇺🇪🇺 pic.twitter.com/b2rVO45vZV
Приклучувањето кон шенген-зоната нa Бугарија и Романија датира од 2011 година кога Европската комисија првпат ја утврди нивната подготвеност за пристапување.
Според соопштението на Европската комисија, од декември 2023 година, кога Советот на ЕУ одлучи да ги прими Романија и Бугарија во шенген-зоната, двете земји членки ги презеле сите неопходни мерки за да обезбедат непречена примена на шенгенските правила од 31 март 2024 година.
На тој датум, контролите на внатрешните воздушни и поморски граници беа укинати и почнаа да се применуваат шенгенските правила, вклучително и издавањето шенген-визи, додека и натаму останаа во сила проверките на лицата кои ги минуваа копнените граници меѓу двете земји и останатите шенген-држави.
Шенген-зоната опфаќа зона од 27 европски земји кои ги укинаа граничните контроли меѓу себе, овозможувајќи слободно и неограничено движење на луѓето.