Во врска со минатонеделните настани е уапсен доскорашниот министер за одбрана на Јужна Кореја, Ким Јонг-хјун, за вмешаност во прогласувањето воена состојба. Тој се смета за клучна фигура во краткотрајното прогласување воена состојба бидејќи, според извештаите, тој му предложил на претседателот да преземе ваков чекор
Јужнокорејското обвинителство поднесе обвинение за предавство и злоупотреба на службената положба против претседателот Џун Сук Јеол, откако минатата недела тој прогласи воена состојба, која брзо потоа ја укина.

Јужнокорејскиот претседател на 3 декември прогласи „итна воена состојба“, обвинувајќи ја опозицијата за контрола над парламентот и за парализа на функционирањето на владата преку антидржавни активности. Под притисок на опозицијата и на јавноста, по неколку часа тој ја укина воената состојба.
Во врска со минатонеделните настани денеска е уапсен доскорашниот министер за одбрана на Јужна Кореја, Ким Јонг-хјун, кого тамошното обвинителство го гони за вмешаност во прогласувањето воена состојба.
Сега веќе поранешниот министер за одбрана, кој поднесе оставка од функцијата во средата, се смета за клучна фигура во краткотрајното прогласување воена состојба бидејќи, според извештаите, тој му предложил на претседателот да преземе ваков чекор.
Официјални лица на обвинителството во Сеул во текот на ноќта го испрашувале Ким Џонг Хјун, по што тој бил уапсен, јави новинската агенција Јонхап.