На продажба беше и писмото на Џон Ленон на осум страници, адресирано до Ерик Клептон од 1971 година, во кое тој предлага формирање нов „супербенд“

Писмо од композиторот Волфганг Амадеус Моцарт напишано во 1783 година било продадено на онлајн аукција на приватен европски понудувач за 440 000 евра.
Продажната цена на писмото е надмината за повеќе од четирипати од почетната цена од 100 000 евра, објави аукциската куќа International Autograph Auctions Europe, со седиште во Малага, јужна Шпанија.
Аукциската куќа наведува дека имало голем интерес во САД и Азија.
Писмото од австрискиот композитор до францускиот издавач Жан-Жорж Зиберт, напишано на германски, всушност се сметало дека е изгубено. Пронајдено е во семејната архива.

На продажба беше и писмото на Џон Ленон на осум страници, адресирано до Ерик Клептон од 1971 година, во кое тој предлага формирање нов „супербенд“.
Сепак, ова писмо не е продадено. Почетната цена на ова писмо беше помеѓу 80 000 и 100 000 евра.
