Поради неповолните временски услови, денеска се одложи фудбалското градско дерби помеѓу екипите на Евертон и Ливерпул, а очекувањата се дека ќе бидат одложени уште неколку спортски настани на отворено

предупредување „опасност по живот“ е издадено за поголемиот дел од Велс и делови од југозападна Англија поради бурата Дара која стигна до Велика Британија откако претходно ја зафати Ирска.
Околу 3 милиони луѓе добиле СМС од владата со предупредување „да останат во своите домови ако е можно“, нагласувајќи дека не е безбедно да се вози во услови на невреме, објави Скај њуз.
Според проценките, бурата Дара може да донесе брзина на ветер до 145 километри на час.
Црвеното предупредување е едно од деветте предупредувања кои се во сила викендов, вклучително и две портокалови предупредувања за ветер.
Предупредувањето за ветер важи речиси за цела Велика Британија, а ќе биде во сила до утре наутро.
Бурата Дара веќе предизвика големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија, пишува „Гардијан“.
Според извештаите од Националната мрежа, повеќе од 12 600 домаќинства во централна и југозападна Англија, како и повеќе од 20 000 домаќинства во Велс останале без струја.
Поради неповолните временски услови, денеска се одложи фудбалското градско дерби помеѓу екипите на Евертон и Ливерпул, а очекувањата се дека уште неколку спортски настани на отворено ќе бидат одложени.
