Според информациите од интернет страницата „Пауераутиџ“ (PowerOutage.us), повеќе од 10 илјади потрошувачи во округот Хумболт, Калифорнија, кој е најблиску до епицентарот на денешниот земјотрес, се без струја
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денескаво северниот дел на Калифорнија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 56 километри југозападно од градот Фортуна и на 260 километри западно од градот Чико во Калифорнија.
#Earthquake (#sismo) possibly felt 19 sec ago in #California. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) December 5, 2024
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/QoFvboSY46
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан на длабочина од 14 километри.
По овој земјотрес, како што соопштува и Американскиот геолошки институт (USGS) бил регистриран уште еден прилично силен потрес со јачина од 4,2 степени и најмалку десетина помали афтершокови.
Како што соопшти Националниот центар за предупредување од цунами, аларм бил објавен за делови од брегот на Калифорнија и Орегон, односно за околу 5 милиони луѓе, но тој бил откажан по околу еден час.
„Не се регистрирани деструктивни цунами бранови“,
соопшти центарот.
Tsunami Warning 1 for areas of OR & N. CA: See https://t.co/npoUHxX900 for alert areas. M7.3 045mi SW Eureka, California 1044PST Dec 5 pic.twitter.com/NFCbU5EaKa
— NWS Tsunami Alerts (@NWS_NTWC) December 5, 2024
Оттаму информираат дека било забележано мало покачување на нивото на морето за неколку сантиметри на околу 320 километри од брегот на Калифорнија, но на брегот не е забележан значителен пораст и тоа довело до откажување на предупредувањето.
По силниот земјотрес гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба велејќи дека тоа ќе овозможи да се обезбедат повеќе ресурси за погодените области.
секојдневна реалност“, вели тој.
Според информациите од интернет страницата „Пауераутиџ“ (PowerOutage.us), повеќе од 10 илјади потрошувачи во округот Хумболт, Калифорнија, кој е најблиску до епицентарот на денешниот земјотрес, се без струја.
Градоначалникот на Еурека, Мајлс Слатери, извести дека нема значителна штета во градот и покрај силниот земјотрес и оти нема извештаи за пукнати гасоводи и големи оштетувања на згради.
Слатери истакна дека земјотресот бил долг, но не толку силен како претходните, особено оние со епицентар на копно.
Градоначалникот додава дека дел од градот е евакуиран и оти немале време да направат детална проценка на штетите, но врз основа на досегашните извештаи, штетите не се споредливи со оние предизвикани од земјотресот во декември 2022 година, кога со јачина од 6,4 степени земјотресот предизвика смрт на најмалку две лица и значителна штета на инфраструктурата.
