Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 132 километри југоисточно од Скопје
Денеска во 13:09 минути е регистриран земјотрес од 3 степени според Рихтеровата скала во епицентралното подрачје на Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 132 километри југоисточно од Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
