„Посебно внимание е посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот Муцунски
Евроинтегративните процеси на нашата држава, актуелните внатрешнополитички случувања и постигнувања во реформските области се дел од темите за кои се разговарало на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

„Посебно внимание е посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период“
се вели во соопштението од кабинетот на министерот Муцунски.

Муцунски изрази благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан.
Министерот ја нагласи континуирана и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес.
