Шолц е убеден дека токму поради тоа што Германија е најголемиот и најсигурен поддржувач на Киев, „нема право да прави одредени работи“, како што се пренесување ракети со долг дострел и дозволување на веќе пренесеното германско оружје да гаѓа цели на руска територија
Германските граѓани не поддржуваат трансфер на ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина кои можат да се користат за напади на руска територија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Сега има војна во Европа и тоа ги загрижува граѓаните. Во оваа војна треба добро да размислиме како да се однесуваме мудро, како да се однесуваме внимателно, … да се однесуваме внимателно кога станува збор за војна и мир“,
рече тој во интервју за германскиот ТВ канал ЗДФ.
Тој посочи дека го нервирало тоа што речиси три години имало забелешки и коментари дека нешто не е доволно направено, додека, како што рече, често не се забележува дека актуелната германска влада „одамна стана главен снабдувач на помош за Украина“.
Шолц е убеден дека токму поради тоа што Германија е најголемиот и најсигурен поддржувач на Киев, „нема право да прави одредени работи“, како што се пренесување ракети со долг дострел и дозволување на веќе пренесеното германско оружје да гаѓа цели на руска територија.
„Мислам дека таквиот курс е поддржан од мнозинството граѓани, а тоа ќе биде можно само доколку продолжам да го застапувам“,
рече Шолц и вети дека нема да се повлече од овој курс, „колку и да добие приговори“.
Шолц истакна дека Германија како земја во центарот на Европа треба многу внимателно да размисли што прави.
