Скопје, Тетово и Прилеп остануваа подрачјата од кои доаѓаат најголем број новозаразени во последните денови
Во моментов 397 лица во земјава се активно болни од ковид-19
Еден починат, 22 новодијагностицирани со ковид-19 и 16 оздравени пациенти е билансот од состојбата со коронавирусот во земјава во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 79 години, која на 13 мај била хоспитализирана како сомнителна на ковид-19, а на 15 мај е потврдена како позитивна.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје – 8, Прилеп, Струга и Велес по двајца и Гостивар и Кратово по еден пациент.
Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во 6 града: во Скопје – 9, во Тетово – 6 во Прилеп – 4 и во Велес и Охрид по еден.
Со тоа, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 762, на оздравени пациенти е 1 267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Досега дијагностицирани со ковид-19 има во 29 града и тоа:
• Скопје – 601, активни 134
• Куманово – 414, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активни 1
• Прилеп – 197, активни 65
• Тетово – 137, активни 74
• Струга – 69, активни 4
• Велес – 114, активни 48
• Битола – 26, активни 7
• Охрид – 18, активни 3
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 2
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 1
Направени се 462 теста и тоа: во Институтот за јавно здравје – 203, Ветеринарен факултет – 16, „Авицена“ – 10, „Биотек“ – 35, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 94, „Систина“ со PCR метода 4 и МАНУ – 100.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 171 тест се во рамките на скринингот од градинките.
Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.
Досега во земјата се направени вкупно 21 010 тестирања на ковид -19.
