Кога Шолц стана канцелар, го назначи Кукиес за главен економски советник. Заедно соработувале од 2018 година, кога Кукиес бил донесен да работи како државен секретар во Министерството за финансии, во времето кога Шолц бил министер за финасии
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го назначи Јерг Кукиес за нов министер за финансии на Германија, откако вчеравечер го разреши претходниот Кристијан Линднер, за кој рече дека повеќе ѝ служел на својата партија отколку на општото добро, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Кога Шолц стана канцелар, го назначи Кукиес за главен економски советник. Заедно соработувале од 2018 година, кога Кукиес бил донесен да работи како државен секретар во Министерството за финансии, во времето кога Шолц бил министер за финансии.
За разрешувањето на Линднер, пак, Шолц рече дека една од причините е што не покажал подготвенот да спроведе ниту еден од нивните предлози.
Линднер е и лидер на Либералите (ФДП), најмалиот коалициски партнер во трипартиската владејачка коалиција во Германија.
Откако беше разрешен, Линднер ги повлече своите министри од владата, со што стави крај на владината тристрана коалиција.
Потоа, Шолц изјави дека на 15 јануари 2025 година ќе се гласа за доверба на неговата влада – потег што би можел да ги одложи парламентарните избори во Германија, закажани за есента 2025 година, во март.