„Колку за споредба, најзадолжената општина во државата, општина Гостивар добива 2,7 милиони евра за проекти иако должи преку 108 милиони евра потрошени од буџетот. Градот Скопје не добива ниту еден проект иако аплицираше со 20 проекти со целосно обеезбеденина проектна документација, за разлика од дел од општините на кои им се доделени срдства и покрај тоа што немаат проекти“, стои во реакцијата од Градот
Одлуката да не се доделат средства за проектите за кои аплицираше Градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална состојба на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Ова е денешната реакција од Градот Скопје откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека дел од општините како Струмица, Теарце, Сарај, но и Градот Скопје се одбиени на повикот за финансирање на капитални проекти на Владата.
Зборувајќи за секоја поединечна општина што е одбиена, за Град Скопје премиерот посочи дека е конкурирано со проекти што се некомплетни.

„Со оваа одлука докажа дека неговата суета е поважна од која било потреба на граѓаните, а со неистомислениците се пресметува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема никаков демократки, ниту лидерски капацитет“,
се вели во реакцијата од Градот Скопје.
Оттаму велат дека спротивно на ветувањата дека со средствата од унгарскиот кредит ќе се финасираат проекти во сите општини, без разлика на политиката определба на раковоствата во нив, со оваа одлука се потврдува очекуваното секташко однесување на Мицкоски насочено кон пресметка со неистомислениците.
„Колку за споредба, најзадолжената општина во државата, општина Гостивар добива 2,7 милиони евра за проекти иако должи преку 108 милиони евра потрошени од буџетот. Градот Скопје не добива ниту еден проект иако аплицираше со 20 проекти со целосно обеезбеденина проектна документација, за разлика од дел од општините на кои им се доделени срдства и покрај тоа што немаат проекти“,
велат од Градот.
Во реакцијата се вели дека поднесенит проекти од Градот Скопје се со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарна заштита, јавна хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.
„Од областа на сообраќајот, поднесовме проекти за 80 еколошки ЦНГ автобуси и 15 електрични автобуси, а од областа на противпожарната заштита аплициравме за обезбедување на нови противпожарни возила“,
стои во реакцијата.
Од Градот ги набројуваат проектите со кои аплицирале, а во главно се насочени на рееконструкција на улици, булевари, изградба на булевар и неколку кружни текови. Тука се, набројани и проектите за реконструкција на планетариумот и посветување на трим тартан атлетска патека по должината на кејот на рееката Вардар.
Коментирајќи ги причните зошто Градот Скопје е одбиен на повикот за финансирање на капитални проекти на Владата, Мицкоски рече оттаму конкурирале со проекти коишто се некомплетни.
„Бараат автобуси, бараат средства коишто се за одржување на хигиена на улиците, а истовремено од Владата имаат пренесено околу 10 милиони евра коишто стојат на сметката за реализација на една капитална инвестиција, тоа е булеварот ‘Хасан Приштина’ веќе две години и за жал ништо не е направено во таа насока. Така што, очекувам во следниот период од таму да се подобрат инвестициските перформанси“,
рече тој.
Ги повика градоначалниците на општините кои не успеаја да ги добијат проектите, тоа да го направат со нови проекти со кои можат да аплицираат на продолжениот рок на повикот, кој ќе трае до средината на ноември.