Тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Руската Федерација
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеообраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се вклучува во војната во Украина. Зеленски во обраќањето објавено на социјалните мрежи зборуваше за неговите активности.
„Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вклучување на Северна Кореја во војната“,
рече Зеленски во видеообраќањето.
“The inclusion of North Korea into the war,” – President Zelenskyy.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 14, 2024
“Among the main issues: the report of the intelligence agencies – the Foreign Intelligence Service and the GUR – on the intentions of the Russians for the fall-winter. Everything is quite detailed. Practically,… pic.twitter.com/kN1oPiqOZs
Тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Руската Федерација.
Кремљ го негираше ова, велејќи дека тоа е лажна вест.
Зеленски претходно на својот канал на Телеграм информира дека украинските сили веќе петти ден ги одбиваат руските обиди да ги пробие борбените линии во Курскиот Регион во западна Русија и нагласи дека украинските сили цврсто ги држат позициите и возвраќаат на нападите.
Украина испрати војници во рускиот регион во август во својот прв голем прекуграничен упад од почетокот на војната, забележуваат британските медиуми.