Советот за национална безбедност на Белата куќа соопшти дека Бајден и потпретседателката на САД, Камала Харис, го следат иранскиот напад врз Израел и добиваат редовни ажурирања од тимот за национална безбедност
Американскиот претседател Џо Бајден ѝ нареди на војската на САД да ѝ помогне на одбраната на Израел од иранските напади и да ги собори ракетите насочени кон Израел, објави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савет.
Во објавата се додава оти Бајден и актуелната потпретседателка на САД и демократска кандидатка за претседателка, Камала Харис, го следат иранскиот напад врз Израел од Белата куќа и добиваат редовни ажурирања од тимот за национална безбедност.
.@POTUS & @VP are monitoring the Iranian attack against Israel from the White House Situation Room & receiving regular updates from their national security team. @POTUS directed the US military to aid Israel’s defense against Iranian attacks & shoot down missiles targeting Israel
— Sean Savett (@NSC_Spox) October 1, 2024
Пред воопшто да се случи, Белата куќа предупреди за можен балистички ракетен напад на Иран врз Израел. Според предвидувањата на САД, нападот би можел да биде сличен по обем и размер како оној во април, кога кон Израел беа лансирани повеќе од 300 проектили, меѓу кои 170 беспилотни летала и над 120 балистички ракети.