Новороденчето итно е префрлено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје

Синоќа во Општата болница Куманово починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа болница Куманово и Јавното обвинителство.
Од СВР Куманово информираат дека во 21.35 часот директорот на болницата пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31-годишна родилка од Куманово. Новороденчето итно е префрлено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
Се очекуваат дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции.