Жител на Флорида на социјалните мрежи објави видео на кое може да се види како весла низ дневната соба, додека околу него пловат растенија, куќни апарати и мебел
Најмалку три лица загинаа во невремето кога ураганот Хелен ги погоди САД, најсилниот ураган што досега ја погодил областа Биг Бенд на Флорида.
Хелен синоќа стигна во северозападна Флорида како бура од четврта категорија.
Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека ураанот Хелен синоќа ја погодил областа во близина на реката Аусила во областа Биг Бенд во Мексиканскиот Залив. Брзината на ветрот била 225 километри на час.
Жител на Флорида изјавил за Си-ен-ен дека мислел оти бурата нема да биде сериозна.
„Бурата започна прилично бавно, а потоа, бидејќи живеам во близина на водата, нивото на водата само се зголемуваше и растеше“,
изјавил Мет Хелер за Си-ен-ен.
@mattfromhornblasters.com #LIVEhighlights #TikTokLIVE #LIVE how it started. Matt Heller from @HornBlasters ♬ original sound – Matthew Heller
Хелер на социјалните мрежи објави видео на кое може да се види како весла низ дневната соба, додека околу него пловат растенија, куќни апарати и мебел.
@mattfromhornblasters.com Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding
♬ Storm Coming – Once Monsters
Поради Хелен, властите издадоа предупредувања за урагани и поплави кои се проширија во северна Џорџија и западна Северна Каролина. Повеќе од еден милион домови и фирми останаа без струја на Флорида и повеќе од 50 000 во Џорџија.
Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба во нивните држави.
Една жена загина на Флорида кога сообраќаен знак паднал врз нејзиниот автомобил, а две лица загинале во јужна Џорџија.
Издадени се наредби за евакуација вдолж брегот на Заливот во ниските области околу Талахаси, Гејнсвил, Седар Ки, Лејк Сити, Тампа и Сарасота на Флорида.
Националната метеоролошка служба прогнозираше бури и предупреди дека тие би можеле да бидат катастрофални во заливот Апалачи, во близина на брегот на Флорида. Училиштата во округот и неколку универзитети ја откажаа наставата, а аеродромите во Тампа, Талахаси и Клирвотер се затворени.
Метеоролозите предвидуваат дека Хелен најверојатно ќе ослабне додека се движи кон внатрешноста, но дека силните ветрови и дождот ќе се прошират на јужните Апалачки Планини, каде што ќе биде можна и појава на лизгање на земјиштето.
Според ажурираните податоци на Националниот центар за урагани (НХЦ) во 1 часот по полноќ, ураганот Хелен сега има ветрови со брзина од околу 177 километри на час.
Се наоѓа на 10 милји југозападно од Валдоста и брзо се движи кон североисток со околу 42 километри на час.
Иако е ослабен до интензитет од втора категорија, Хелен сè уште произведува катастрофални ветрови кои сега ја зафаќаат јужна Џорџија.
„Ова е исклучително опасна по живот ситуација. Луѓето не треба да ги напуштаат своите засолништа и треба да останат безбедни додека не поминат опасните услови“,
предупредува НХЦ.