Како што и најавија, законските измени ги поддржаа дел од пратениците на опозицискиот „Европски фронт“ предводен од ДУИ. Шест пратеници од Демократската унија за интеграција и еден од Турската демократска партија гласаа „за“ измените, додека другите пратеници од коалицијата не гласаа или не беа на седницата
Со 85 гласа „за“, 17 „против“ и без „воздржани“, во Собранието денеска поминаа измените на Законот за локална самоуправа по скратена постапка со кои се предвидува продолжување на мандатот на в.д. градоначалниците на Аеродром, Сарај и Гостивар до локалните избори следната година.
Законот е усвоен со двотретинско и Бадентерово мнозинство.
Како што и најавија, законските измени ги поддржаа дел од пратениците на опозицискиот „Европски фронт“ предводен од ДУИ. Шест пратеника од Демократската унија за интеграција и еден од Турската демократска партија гласаа „за“ додека другите пратеници од коалицијата не гласаа или не биле на седницата.
Гласањето по Бадентер, кое беше потребно за усвојување на законските измени, доби 24 гласа „за“ и три „против“.
Координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети, кој доаѓа од редовите на ДУИ, образложувајќи зошто ќе ги поддржат законските измени, рече:
„Да не ги малтретираме граѓаните да гласаат, имајќи предвид дека изборите треба да се одржат пред Нова година и остануваат неполни десет месеци до нивниот мандат, и имајќи предвид дека ние имаме спор на национален аспект околу легитимитетот, уставните измени коишто не се споменуваат никаде. Нормално, и да не трошиме дополнителни средства, тие може да бидат користени за градинки, училишта и многу амандмани кои ги предложивме во ребалансот и во Буџетот којшто ќе следи верувам дека тие средства ќе се потрошат за доброто на граѓаните.“
Инаку, пратениците од „Европскиот фронт“ во јуни годинава гласаа и за Законот за реорганизација на органите на државата управа, за чие усвојување, исто така, беше потребно двотретинско мнозинство.