Украинскиот претседател ќе му ги претстави своите предлози – кои тој ги нарекува „план за победа“ – на американскиот претседател Џо Бајден, како и на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, а ќе присуствува и на седниците на Генералното собрание на ОН
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера пристигна во САД во клучна посета за да го претстави планот на Киев за ставање крај на војната со Русија.
Украинскиот претседател ќе му ги претстави своите предлози – кои тој ги нарекува „план за победа“ – на американскиот претседател Џо Бајден, како и на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, а ќе присуствува и на седниците на Генералното собрание на ОН.
Посетата доаѓа по периодот на интензивни борби, при што Москва брзо напредуваше во источна Украина, а Киев држи делови од рускиот регион Курск. Во исто време, Киев со недели го притиска Западот да му дозволи да го користи испорачаното оружје со долг дострел за да нападне цели длабоко во Русија, но досега безуспешно.
Украинскиот претседател, во објава на социјалната мрежа Икс, ги повика своите партнери да помогнат да се постигне „заедничка победа за вистински праведен мир“.
„Оваа есен ќе ја одреди иднината на оваа војна“,
рече Зеленски во обраќањето дадено од авионот.
Украинските медиуми подоцна објавија дека тој слетал во Њујорк. Зеленски, исто така, треба да го посети Вашингтон подоцна во текот на неделата.
Украинскиот претседател го започна своето патување со посета на фабрика за муниција во Пенсилванија која произведува дел од најпотребната муниција за Украина. Претставникот Мет Картрајт, демократ кој беше меѓу оние кои се состанаа со Зеленски во фабриката за муниција Скрантон, рече дека претседателот имал едноставна порака:
„Ви благодарам. И ни треба повеќе“.
Zelenskyy visited an ammunition factory in Pennsylvania
— NEXTA (@nexta_tv) September 23, 2024
Amid heightened security measures, Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy on Sunday visited a plant in Pennsylvania that produces one of the most important types of ammunition – the 155 mm shells, that Ukraine needs to… pic.twitter.com/gKV127UkCd
Фабриката во Скрентон е една од ретките фабрики во земјата која произведува артилериски гранати од 155 мм и има зголемено производство во текот на изминатата година. Инаку, градот Скрентон е родното место на актуелниот американски претседател Џо Бајден.
Украина веќе доби повеќе од три милиони од нив од САД.