Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за две патнички возила кои се во сопственост на лица од Скопје и едно на лице од Куманово
Оттаму информираа и за други два инцидента со опожарени возила – Едниот во Ѓорче Петров, а другиот во Валандово
Утринава околу 5 часот СВР Скопје добило пријава дека на територија на општина Кисела Вода, во близина на местото „Расадник“ на паркинг биле опожарени три возила.
„Опожарени биле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје“,
велат од МВР.
Според неофицијални информации, непознато лице го запалило возилото со кумановски регистарски таблички, по што пожарот се проширил на двете возила кои биле паркирани до него. Веднаш по пријавувањето на пожарот, Бригадата за противпожарна заштита Скопје излегла на терен и го локализирала. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје е извршен увид на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Околу 3 часот по полноќ пак, во СВР Скопје било пријавено дека во Ѓорче Петров било запалено возило „Голф“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на Д.Д. (30) од Скопје.
Во друг случај, во Валандово, полицијата денеска привела 35-годишен маж кој запалил возило на сограѓанин.
„На 14.09.2024 во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово“,
велат од МВР.