Шпанија ќе бара од сите што по 15 мај доаѓаат од странство да бидат ставени во карантин 14 дена.
Шпанското Министерство за здравство соопшти дека мерката, која е објавена денеска во службен весник на Шпанија, има за цел да ги ограничи ризиците што произлегуваат од меѓународниот промет на луѓе за време на пандемијата.
Туристичките агенции и транспортните компании мора да ги известат своите клиенти за новите регулативи пред да им ги продадат билетите за Шпанија, а авиокомпаниите мора да се погрижат патниците да имаат „картичка за локација“ во случај да треба да бидат контактирани по патувањето.
Шпанија почнува да ги олеснува мерките по седум недели строги ограничувања на движењето.