На денешната седница на Комисијата на известители на Судскиот совет само без изнесени докази и се водеше расправа во врска со барањето за утврдување одговорност на судијата. Дали таа ќе биде утврдена или не, Судскиот совет ќе одлучи дополнително
Лазар Нанев, поранешниот претседател на Основниот суд во Кавадарци остварил 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој го водел. Комисијата на известители на Судскиот совет денеска на седница расправаше и ги изнесе доказите во врска со барањето за утврдување одговорност на Нанев за несовесно и нестручно вршење на функцијата.
Иако на негово барање седницата беше отворена за јавност, а тој бил уредно поканет, судијата не не се појави во салата на Судскиот совет да ја изнесе својата одбрана во врска со барањето за утврдување одговорност.
Со Комисијата претседаваше членката на Судскиот совет, Лорета Горгиева, која рече дека судијата поканата ја примил на 8 февруари, но до започнувањето на денешната расправа не доставил известување дека нема да присустува.
Инаку, расправата требаше да се одржи во јули, но беше одложена бидејќи Нанев испратил известување дека е на боледување и е хоспитализиран, но ниту тогаш, ниту за денешната расправа, не доставил докази со кои би ги поткрeпил ваквите наводи.
Подносителката на барањето за утврдување одговорност, судујката и член на Судскиот совет, Антоанета Димовска, обраќајќи се пред Комисијата, наведе дека Нанев неоправдано направил крупна професионална грешка. Тој притоа, како што кажа, Димовска и самиот не негирал дека имал телефонски повици кон обвинетиот во конкретниот случај, Вачно Кузманов сопственик и управител на фирмата „Анго Вест ДООЕЛ“.
Инаку, во случајот по кој постапувал судијата Нанев бил обвинет за кривичното дело недозволено пренесување на акцизно добро. Во случјот тој добил ослободителна пресуда.
„При изготвувањето на извештајот не оспорил дека толку многу пати се слушал со наведеното лице, упатува само на неговата непрофесионалност и од нему познати причини, пристрасност, бидејќи доколку се слуша со едната страна, а сте судија тоа упатува дека не сте професионалец“,
рече Димовска на денешната отворена седница.
На нејзината констатација реагираше претседателката на Комисијата на известители Лорета Горгиева. Таа и забележа на својата колешка дека е недоблесно и непрофесионално да изведува заклучоци кога спроти неа ја нема другата страна.
Димовска не се согласи со сугестијата, велејќи дека се однесува доблесно и професионално и притоа прочита дел од пишаната изјава што во негова одбрана Нанев ја поднел до Судскиот совет
„Особено јас кој ги користам најсовремените платформи и мрежи, некој се дрзнува да ме навреди дека на тој начин сум остварувал контакти со странки“,
наведе Димовска, пренесува ТВ Телма.
Инаку, во конкретниот предмет што го водел Нанев, негово изземање барала и обвинителката во предметот, но тоа не било прифатено.
Во својот завршен збор, Димовска рече дека во целост останува на барањето за покренување постапка за утврдување одговорност на судијата Нанев.
„Сакам да потенцирам само неколку битни моменти зошто сметам дека судијата Лазар Нанев намерно и неоправдано направил крупна професионална грешка. Не е спорно и судијата не негира дека се чул 95 пати со обвинетиот Ванчо Кузманов за кривчно дело недозволено пренесување на акцизни добра. Ваквото однесување на судијата, кој не спори дека толку многу пати се слушнал со обвинетиот, укажува на непрофесионалност и од само нему познати причини, за пристрасност“,
рече Димовска.
Претходно таа, наведе, дека би сакала Нанев денеска да бил присутен на расправата, за да убеди, како што кажа, во спротивното.
На денешната седница само без изнесени доказите и се водеше расправа во врска со барањето за утврдување одговорност. Дали таа ќе биде утврдена или не, Судскиот совет ќе одлучи дополнително.
Денешната седница на Комисијата на Судскиот совет во целост можете да ја погледнете ТУКА.