„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод Денот на Независноста. Мицкоски мораше да покаже конструктивност, па ја повика опозицијата да се приклучи, а не кажа за што. Шупливите пораки со кои сака да глуми конструктивност се веќе прочитани. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту конкретен предлог за обединување. Тоа единствено им е потребно на говорниците. Националното единство му е напишано во секој говор за да прикрива семето на поделбитее и омразата која ја сее“, велат од опозициската партија
Речиси сите 10 точки од наводната платформа на Христијан Мицкоски се чиста спротивност на намерите и политиките на владејачката партија. Така, оваа платформа треба да се чита спротивно на тоа како е кажана. Ова е денешната реакција на опозициската СДСМ на вчерашниот повик на премиерот Христијан Мицкоски до опозицијата да се приклучи кон платформата која тој како премиер ја нуди за подобра иднина на земјата, од каде велат дека протоколарните пораки за обединување немаат никаква врска со реалноста која изминатите месеци ја сервира ВМРО-ДПМНЕ.

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод Денот на Независноста. Мицкоски мораше да покаже конструктивност, па ја повика опозицијата да се приклучи, а не кажа за што. Шупливите пораки со кои сака да глуми конструктивност се веќе прочитани. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту конкретен предлог за обединување. Тоа единствено им е потребно на говорниците. Националното единство му е напишано во секој говор за да прикрива семето на поделбитее и омразата која ја сее“,
велат од СДСМ.
Оттаму велат дека повиците за декриминализација на опозицијата се очаен обид да се покријат скандалите во кои тоне Мицкоски. Така, сметаат од СДСМ дека освен партиска говорница за сеење лаги и измислени скандали против опозицијата, Мицкоски не успеа да докаже никаква криминализација, но за сметка на тоа велат од опозицијата деека тој секој ден ја криминализира, партизира и злоупотребува државата.
„Додека Мицкоски вели дека мора да се прекине партизацијата во општеството, тој и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат група партизација на државниот апарат. Се казнуваат и шиканираат сите кои не се подредени зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Се омаловажуваат и прераспределуваат вработени, се вработуваат некомпетентни партиски кадри за кои се смее целата држава. Се етикетираат поединци и групи што различно мислат или бараат нешто што вмро-ДПМНЕ не сака да го даде, а спроведува партизирање на секое општествено ниво, дури и за болни тееми како што се лични образовни асистеенти“,
се вели во реакцијата на СДСМ.
Според опозицијата, наутро Мицкоски вели дека мора да се стави крај на етничките теми и поларизација, а попладне ВМРО-ДПМНЕ подгреева етнички теензии, креира заговори за дестабилизација и создава слика за меѓуетничка нестабилност.
„Мицкоски вели дека сака да воспостави правна држава, но очигледно таа да треба да важи за сите други, освен за него и сопартијците. Мицкоски и неговите партнери може грубо да ги кршат законите за кои нема одговорност, но да има правна држава. Да се штитат политички сите кои се од интерес на ВМРО-ДПМНЕ од највисоки до најниски функционери па дури и кога ја загрозуваат безбедноста на државата на границите. Но другите сите да одговараат, ова е идејата на Мицкоски за правна држава“,
стои во соопштението од СДСМ.
Мицкоски вели дека немало друга алтернатива на ЕУ, додека според СДСМ, прави се во спротивна насока од интеграцијата.
„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков интерес да ги продолжи ЕУ преговорите и ова го докажаа за само два месеци. Немаат ниту план, ниту стратегија и единствено што ќе прават е одложување додека можат, префрлање на одговорност кај други и отворање нови конфликти. За жал, со тоа ќе губат само граѓаните“,
вели опозицијата.
Оттаму посочуваат дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е државничка партија, но деека не е и нема да биде деструктивна опозиција како што беше ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние нема да блокираме мерки и закони во Собранието ако се добри за граѓаните, нема да го блокираме европскиот пат на државата, нема да подгреваме меѓуетнички тензии и поделби. Време е ВМРО-ДПМНЕ да созрее и го прифати овој начин на водење политика, па тогаш ќе имаме можност за национално единство и политички консензус. Но, за тоа е потребно лидерство, одговорност и подготвеност да се стави националниот интерес над партискиот. СДСМ докажа дека тоа може да го направи, но ВМРО-ДПМНЕ тоа допрва треба да го научи“,
велат од опозицијата.
Опозицијата смета дека власта мора да даде конкреетеен пример со дела и да биде подготвена да прифати проширување на областите за разговор.
„Национален консензус за главните прашања сметаме дека е потребен. И во минатото СДСМ повеќепати ја повикуваше тогашната опозицијата за најважните прашања да застанеме заедно. СДСМ е и ќе остане силен критичар на власта и силно ќе се спротивставува на погрешните политики. СДСМ останува поддржувач на процесите за европската иднина на земјата, на решенијата за подобар живот на граѓаните, за силна економија, социјална правда, рамноправност, право и правна држава“,
стои во реакцијата од СДСМ.
Од владејачката партија денеска порачаа дека Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) треба да се исчисти од сопствените криминали и да се реформира, а потоа да прифати единство на најважните прашања за државата, односно се она што премиерот Христијан Мицкоски го понуди како платформа на обединување.
Од централната свеченост од одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, Мицкоски соопшти десет принципи околу кои, како што рече, треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори во општеството.