Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ вчера го потврди случајот и повика на целосна истрага
Во центарот на Мадрид вчера физички е нападната амбасадорката на Република Србија во Кралството Шпанија Ирена Шарац, пренесува Танјуг.
Според српските медиуми, помлад човек и се приблиближил на амбасадорката на улицата каде што живее во Мадрид, ја прашал дали е од Србија, ја удрил со нога во грбот и побегнал.
Нападот е пријавен во полиција.
Како што информира Танјуг, амбасадорката Шарац е во добра здравствена состојба.
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ вчера го потврди случајот и повика на целосна истрага.
I condemn, in the strongest possible terms, the insidious physical attack on our @SRBinSpain Ambassador Irena Sarac in downtown #Madrid.
— Марко Ђурић (@markodjuric) September 8, 2024
Such acts of violence are unacceptable and must be met with swift and decisive action.
We call for a full investigation and accountability…
На социјалната мрежа Икс напиша дека го осудува нападот на амбасадорката Шарац.
„Ваквите акти на насилство се неприфатливи и на нив мора да се одговори со брза и решителна акција“,
порача тој.
Од Министерството за надворешни работи на Србија засега не откриваат повеќе детали за случајот.