Тој истовремено го повтори својот повик за промена на политичкото раководство на Израел
Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска повика на договор со Хамас за ставање крај на војната во Појасот Газа и ослободување на заложниците, јави ДПА.
„Завршувањето на војната е во интерес на Израел“,
објави Лапид на социјалната мрежа Икс.
Тој, истовремено, го повтори својот повик за промена на политичкото раководство на Израел.
„Војната ќе продолжи се додека постои оваа влада“,
напиша Лапид.
Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир од десничарската екстремистичка партија Отзма Јехудит, претходно изјави дека активно работи на попречување на актуелните индиректни разговори со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.
„Израел не треба да преговара со убијците“,
рече Бен Гвир.
Во текот на викендот, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека пронашле тела на шест заложници, што предизвика бран тага и гнев во Израел. Според извештаите на медиумите, заложниците биле застрелани од непосредна близина помеѓу 48 и 72 часа пред да бидат пронајдени нивните тела.
Веста предизвика масовни демонстрации на улиците на Израел. Тие побараа договор за ослободување на преостанатите заложници, додаде ДПА.