Главниот град на Либан се подготвуваше за напад како одмазда за ракетирањето на окупираната Голанска Висорамнина викендов, во кое загинаа 12 деца додека играа фудбал. Израел и САД за ракетниот напад го обвинија Хезболах, кој, пак, отфрли секаква одговорност
Силна експлозија доцна попладнево одекна во Бејрут каде, како што јавија западните медиумите, може да се види густ чад како се издига над јужно предградие на главниот град на Либан, кое е упориште на милитантната либанска група Хезболах.

Набргу по експлозијата, Израел соопшти дека нејзината војска извршила воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, чија цел бил висок командант на Хезболах, кој беше посочен како одговорен за ракетниот напад на Голанската Висорамнина викендов, во кој загинаа 12 деца, пренесе британски „Гардијан“.
Експлозијата одекнала во преградието на Бејрут околу 20 часот по локално време, односно 19 часот според средноевропско време.
„ИДФ (Изралески одбранбени сили) изврши таргетиран напад во Бејрут, врз командантот одговорен за убиството на децата во Мајдал Шамс и за убиството на голем број други дополнителни израелски цивили“,
се наведува во соопштението на израелската војска што го пренесува британскиот весник.
Главниот град на Либан се подготвуваше за напад како одмазда за ракетниот напад викендов на окупираната Голанска Висорамнина, во кој загинаа 12 деца додека играа фудбал. Израел и САД за нападот го обвинија Хезболах, кој, пак, отфрли секаква одговорност.
‼️ Israel strikes Lebanon’s capital. Target was senior Hezbollah commander – IDF
— NEXTA (@nexta_tv) July 30, 2024
According to preliminary information, the Israel Defense Forces struck in Beirut the location of a senior Hezbollah commander responsible for the deaths of children in Majdal Shams.
“The IDF… https://t.co/bwmLPVfCkg pic.twitter.com/Bzt0X3aTYg
Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) прават дипломатски напори да го одвратат Израел од напади на Бејрут или на либанската инфраструктура, во обид да спречат актуелната ескалација да прерасне во широк конфликт.
По нападот на Голанската Висорамнина, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „остар“ одговор, а ракетниот напад во кој денеска загина цивил во северниот дел на Израел, според „Гардијан“ најверојатно го зголемил политичкиот притисок во Израел за силен напад против Хезболах.
Повеќе западни земји, меѓу кои Велика Британија, Германија, Франција, и САД деновиве ги повикаа своите граѓани да го напуштат или да избегнуваат да патуваат во оваа земја.
Во меѓувреме голем број авиокомпании ги откажаа своите летови за главниот град на Либан.
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека не верува оти целосна војна е неизбежна.
По последната ескалација викендов, дипломатите на САД побараа воздржаност од двете страни, испраќајќи пораки до Хезболах преку посредници, меѓу кои и либанскиот министер за надворешни работи.
„Иако видовме голема активност на северната граница на Израел, остануваме загрижени за потенцијалот оваа ескалација да прерасне во целосен конфликт. Не верувам дека војната е неизбежна. Би сакале работите да се решаваат на дипломатски начин“,
рече Остин на прес-конференција во Манила, каде што заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен присуствуваа на безбедносни разговори со нивните филипински колеги.
Идентични пораки вечерва стигнаа и од Белата куќа, односно дека американската влада верува оти „сеопфатна војна“ меѓу Хезболах и Израел не е неизбежна.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на редовната прес-конференција, како што пренесува Би-би-си, изјави дека претседателот на САД, Џо Бајден, верува оти конфликт може да биде избегнат.

Таа рече дека оти Белата куќа верува дека е достижно дипломатско решение на конфликтот, што ќе им овозможи на либанските и израелските цивили „да се вратат во своите домови“ и да живеат безбедно.
„Тука мора да продолжиме да бидеме оптимисти, мислам дека е важно да има дипломатско решение. Не сакаме да видиме ескалација, не сакаме да видиме сеопфатна војна“,
рече Жан-Пјер.