За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло со слаб променлив ветер – ваква е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Температурата наутро ќе се движи од 9 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе биде од 30 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.
И во Скопје денеска времето ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Температурата ќе се искачи до 38 степени.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Температурата утре ќе се искачи до 40 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 9.