Во однос на изјавата на Кулеба дека Украина е подготвена за преговори со Русија, Лавров изјави дека не е првпат Кулеба да го каже тоа, а да не го мисли
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров денеска изјави дека немало смисла да се слуша што велат украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба за перспективата на преговорите со Русија, бидејќи „тие го кажуваат токму спротивното.
Во однос на изјавата на Кулеба дека Украина е подготвена за преговори со Русија, Лавров изјави дека не е првпат Кулеба да го каже тоа, а да не го мисли.
„Понекогаш зборуваше сосема спротивни работи. Неодамна разговараа за преговорите. Зеленски ја спомна неговата подготвеност на крајот да седне со руските претставници. Не ги слушам, да бидам искрен“,
рече Лавров на прес-конференција во Лаос, по состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), меѓу другото, во заедничкото соопштение по состанокот, повикаа на мирно решавање на воениот конфликт во Украина.