Tелото на момчето е дадено на обдукција
Деветнаесетгодишно момче од Скопје синоќа починало од струен удар на домашна забава во скопско Радишани.

Полицијата информира оти несреќата се случила кога тинејџерот (Љ. Љ.) излегол од базен и преку миксета сакал да пушти музика. Во тој момент, како што информираат од МВР, паднал по настанат краток спој.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“,
стои во полицискиот билтен на МВР.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје синоќа во 23:43 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Чаир.