Како што неофицијално дознава „Јутарњи лист“, напаѓачот е роден 1973 година и е поранешен хрватски бранител. Тој со пиштол упаднал во домот, ја убил мајка си, жители на домот, како и вработени

Пет лица се убиени во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми.
Според нив, маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинале на лице место, а на некои сѐ уште им се укажува лекарска помош, пишува „Мојпортал.хр“.
Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата набрзо го уапсила во близина на кафуле во градот. Низ градот одекнуваат сирени на служби за итна медицинска помош, јавуваат хрватските медиуми.
Како што неофицијално дознава „Јутарњи лист“, напаѓачот е роден 1973 година и е поранешен хрватски бранител. Тој со пиштол упаднал во домот, ја убил мајка си, жители на домот, како и вработени.