Се работи за вирус идентификуван пред 25 години во Малезија, а кој се прошири и во Бангладеш, Индија и Сингапур. Вирусот предизвикува оток на мозокот кај луѓето
Властите во јужната индиска држава Керала преземаат превентивни чекори поради смртта на 14-годишно момче кое починало од вирусот Нипа.
Се работи за вирус идентификуван пред 25 години во Малезија, а кој се прошири и во Бангладеш, Индија и Сингапур. Вирусот се пренесува од лилјаци и свињи, а се манифестира на тој начин што предизвикува оток на мозокот кај луѓето.
Идентификувани се 60 луѓе како високоризични и нивната здравствена состојба се следи.
Од страна на Светската здравствена организација Нипа е класифициран како приоритетен патоген поради способноста да предизвика епидемија. За овој вирус нема лек.
Властите сѐ уште сметаат дека се мали шансите за епидемија од Нипа, но веруваат дека повеќе информации ќе имаат во наредните десетина дена.
Засега има 214 луѓе кои биле во некаков контакт со починатото момче, од нив 60 високоризични. Во болниците се подготвуваат изолациски одделенија доколку треба да се третираат пациенти.