„Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици“, напиша премиерот на Фејсбук
Недвосмислена поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ, но и дека во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. Ова денеска го кажал премиерот Христијан Мицкоски на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во рамки на самитот на Европската политичка заедница во Лондон.

„Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици“,
напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Според него, односите меѓу двете земји, како што вели премиерот, се базираат на вистинско пријателство од каде што произлегуваат принципи, вредности и разбирање.
Претходно Мицкоски посочи дека на самитот ќе зборува за предизвиците што следат во енергетиката и во економијата од аспект на регионалното поврзување на балканските држави.
Премиерот ја предводи владината делегација на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница, што се одржува во замокот Бленхајм во близина на британскиот град Вудсток.
Во состав на делегацијата се и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.