Според информациите на струмичката полиција, мажот скокнал во водата од чамец, пливал неколку метри, по што се удавил
Маж претпладнево се удавил во водите на Дојранското Езеро. Според информациите на струмичката полиција, мажот скокнал во водата од чамец, пливал неколку метри, по што се удавил.

„Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето“,
информираа од СВР Струмица.
Идентитетот на починатиот маж засега не е соопштен, а полицијата најавува повеќе детали за подоцна.