На гасењето на пожарот над Битола интервенирале екипи од битолската противпожарна бригада и од јавните претпријатија, а подоцна кон гасењето се приклучиле и пет „ертактори“, од кои три од ДЗС и двата кои како помош ги ипрати Република Турција
Пожарите над Битола и Радовиш попладнево целосно се ставени под контрола, информираат во одвоени соопштенија Општина Битола и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На гасењето на пожарот над Битола интервенирале екипи од битолската противпожарна бригада и од јавните претпријатија, а подоцна кон гасењето се приклучиле и пет „ертактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗР) и двата кои како помош ги ипрати Република Турција.
„Екипите на ТППЕ Битола остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот. Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодарува на сите вработени во ТППЕ Битола за посветеноста и пожртвуваноста во борбата со огнената стихија. Благодарност и до сите општествено одговорни компании кои ја изразија својата хуманост и покажаа интерес да помогнат во обезбедувањето на храна и вода за екипите кои ноќта ја поминаа на терен. Благодарност до медиумите, кои со својата објективност овозможија навремено и објективно информирање на граѓаните за состојбата со пожарот и делувањето на општинскиот кризен штаб“,
се наведува во соопштението на Општина Битола.
Освен пожарот кај Битола, под целосна контрола е ставен и пожарот над Радовиш, објави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Под целосна контрола на пожарот, како што објаснува Ангелов, се подразбира оти пожарот не може да се шири и да зафаќа нови површини, но и натаму има спорадични горења.