Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов очекува денеска до пладне комплетно да биде изгаснат пожарот кој избувна синоќа над Радовиш
Пожарот над Радовиш е ставен под контрола, соопшти синоќа градоначалникот Ацо Ристов.
-Пожарот во Радовиш е ставен под контрола. Граѓаните да бидат мирни и безбедни. Во текот на ноќта ќе дежураме и мислиме дека до сабајле ќе биде локализиран. Беше напорно, беше серизно, но со помош на сите луѓе вклучени во акцијата мислиме дека луѓето треба мирно и безбедни да си ја поминат ноќта,
изјави градоначалникот на Радовиш, Ристов.
Ристов на терен беше со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Во изјавата за медиумите Ангелов кажа дека на асфалтираниот пат ќе бидат распоредени локалните пожарникари за да не дозволат пожарот да го премине асфалтираниот пат.
-Условно кажано, пожарот е заокружен од сите страни. Горната страна од кај планината веќе имаме изгорен појас, така што ние сме големи оптимисти дека до утре претпладне пожарот ќе биде ставен под целосна контрола,
рече Ангелов.