Најраспространет и временски најдолготраен е пожарот кај планината Серта. Започна минатата среда кога беа опожарени трева и нискостеблеста шума кај село Пепелиште, за набргу да се прошири кон планината. ЦУК информира оти пожарот кај Серта се протега на три општини (Штип, Неготино и Конче) со по неколку жаришта
Активен пожар кај селото Пепелиште попладнево го затвори за сообраќај регионалниот пат Неготино – Штип, информира АМСМ. Сообраќајот е во прекин од 16 часот и во двата правца.

Како што информираат од АМСМ, причина за затварање на патот а активен пожар, со цел за безбедност на учесниците во сообраќајот.
Најраспространет и временски најдолготраен е пожарот кај планината Серта. Започна минатата среда кога беа опожарени трева и нискостеблеста шума кај село Пепелиште, за набргу да се прошири кон планината. ЦУК информира оти пожарот кај Серта се протега на три општини (Штип, Неготино и Конче) со по неколку жаришта.
Две од нив се на територија на Општина Штип – кај местото викано Патрик и кај селото Хаџи Реџепли. Горат смрека, дабова и мешовита шума и ниска вегетација и грмушки. Теренот е непристапен. Едно противпожарно возило и тројца пожарникари се во постојана обиколка на местото доколку од некаде може да се интервенира.
На гасење на пожарот во Неготинско интервенираат пожарникари од бригадите во Неготино, Кавадарци, Свети Николе, доброволни противпожарни друштва, стотина припадници на Армијата и на МВР, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ДЗС, ловџии, волонтери и локалното население. Пожарот се гасел и од воздух со еден полициски, два армиски хеликоптера и два „ертрактори“ на ДЗС.
„360 степени“, според информациите на ЦУК направи мапа на активни пожари на територијата на државата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека пристигнаа еден хелихоптер и два „ертрактори“ од Труција, а во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хелихоптери од Словенија и по еден хелихоптер од Србија и Црна Гора што ќе се приклучат кон гасењето на пожарите низ земјата.