Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 11 јули во земјава се регистрирани вкупно 905 случаи на голема кашлица, што претставува зголемување на бројот на заболени во односно на изминатиот петгодишен период од 2019 до 2023 година, кога се реегистрирани вкупно 10 случаи
Од 5 до 11 јули се пријавени 48 нови случаи на заболени од голема кашлица, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според анализите, тоа е зголемување од 54,8 отсто во споредба со претходната недела. Од новозаболените, како што се вели во извешптајот на ИЈЗ, осуммина се хоспитализирани.

„Најголем број од случаите се во Скопје, а пријавени се и осум случаи во Куманово, три во Тетово, по два во Кратово, Гостивар и Битола и еден случај во Прилеп. Возраста на заболените се движи од еден месец до 70 години. Сепак, најголем број на случаите се од возрасната група од 0 до 4 години“,
се вели во извештајот на ИЈЗ.

Од новозаболените, 33 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, девет лица се вакцинирани и шест се вакцинирани согласно возраста.
Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 11 јули во земјава се регистрирани вкупно 905 случаи на голема кашлица, што претставува зголемување на бројот на заболени во односно на изминатиот петгодишен период од 2019 до 2023 година, кога се реегистрирани вкупно 10 случаи.
За потсетување, во тек се три епидемии на територијата на Скопје, Куманово и Тетово. Од 18 јануари до 11 јули дадени се вкупно 58 964 дози на вакцина која содржи компонента против голема кашлица.