Откако се слушнаа пукотници на митингот на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, тој брзо беше опкружен и придружуван надор од сцената од припадници на Тајната служба. Се објавуваат фотографии на кои се гледа Трамп со крвава глава

Кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп беше итно изнесен од бината од припадници на Тајната служба на митинг во Батлер, Пенсилванија, откако одекнаа истрели од огнено оружје, а Трамп се фати за увото, објави фоксњуз.
Поранешниот претседател на САД штотуку почна да зборува и да ја разгорува толпата кога се слушнаа повеќе од пет истрели и тој беше изнесен, опкружен од агенти на тајната служба, а во публиката се слушаа вресоци.
⚡️Closer angle of the attempted assassination on former president Donald Trump. He was hit in the ear. pic.twitter.com/K5kFoat86O
— War Monitor (@WarMonitors) July 13, 2024
„И тогаш ја презеде функцијата најлошиот претседател во историјата на нашата земја. И погледнете што се случи со нашата земја. Веројатно 20 милиони луѓе [влегоа нелегално]. И, знаете, тоа е малку старо, таа табела… Табелата е стара неколку месеци, а ако сакате навистина да видите нешто толку тажно, погледнете што се случило…“,
рече Трамп пред да одекнат пукотници.
Додека го симнуваа од бината, личеше како да има крв на главата, а Трамп побара за момент да застанат и пркосно ги крена рацете.
На интернет веќе се шират фотографии од Трамп со крвава глава.