Во текот на викендот полицискиот час да почнува во 19 часот, во сабота и во неделa, и да трае до 5 часот наутро следниот ден. Тоа е предлогот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести што ќе го разгледа владата на денешната седница, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Викендот пред 1 Мај полицискиот час почнуваше од 16 часот, така што новиот предлог на Министерството за здравство значи одредено релаксирање на мерката. Доколку Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, полицискиот час практично би траел колку што во изминатиот период траеше полицискиот час во работните денови.
Во текот на викендот, пак, Владата треба да донесе одлука за евентуално скратенување на полицискиот час во работните денови, почнувајќи од понеделник.
