Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (11 јули 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Разликата меѓу најевтината и најскапата вода е шест и пол пати, половина од јавните претпријатија работат со минус, а во земјава годишно се губат околу 60 000 олимписки базени вода – истражување на Центарот за граѓански комуникации;
– Тамам почна да се гледа финишот на кулата на АЕК на Водно, Град Скопје им ја спушти рампата на градежните машини – репортажа;
– Нови камери на главните скопски раскрсници – што им е намената;
– Штом паднеше ноќ, излегувавме и броевме – на колку автобуси на ЈСП им работат сите светлосни уреди; наидовме и на такви на кои не им работи ни светло, ни стоп-светло, ни трепкач;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.