Покрај ова, Петровска алармира дека неодамна назначената заменик-директорка во Агенцијата за разузнавање е без законски потребното работно искуство
За неодамнешното именување на Ивана Стојановска на позицијата заменик-директорка во Агенцијата за разузнавање пишуваше и „360 степени“. Дилемата што ја наметнаа серија мејл-пораки кои пристигнаа до нашата редакција главно поврзани со професионалната биографија на Стојановска, кои одат во насока на тоа дека таа ги нема потребните десет години работно искуство во соодветните области, неопходни за именувањето во АР
Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, денеска обвини оти, под притисок и закани, во Министерството за внатрешни работи (МВР) во рок од една седмица биле поделени 50 незаконски решенија за распоредување полициски службеници, а дел од нив и на раководни позиции.

Покрај ова, Петровска алармира дека неодамна назначената заменик-директорка во Агенцијата за разузнавање е без законски потребното работно искуство. Обвини оти на позиции во Агенцијата на национална безбедност и Службата за воена безбедност и разузнавање се подготвуваат, како што вели, партиски послушници.
„И Мицкоски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување? Не, тоа ќе биде полициско-партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски“,
пишува Петровска во објавата на Фејсбук.
За неодамнешното именување на Ивана Стојановска на позицијата заменик-директорка во Агенцијата за разузнавање пишуваше и „360 степени“.
Дилемата ја наметнаа серија мејл-пораки кои пристигнаа до нашата редакција главно поврзани со професионалната биографија на Стојановска, кои одат во насока на тоа дека таа ги нема потребните десет години работно искуство во соодветните области, неопходни за да биде именувана за заменик-директорка во АР.
Иако стажот во Агенцијата за разузнавање ѝ е помал од десет години, во одговорот од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова за искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика го наведуваат и периодот во кој Стојановска била асистентка на приватни универзитети